In Memoriam: Почина Ванчо Петрушевски
Ванчо Петрушевски, еден доајените на македонската глума, почина денеска на 67-годишна возраст.
Петрушевски има одиграно голем број улоги на сцената на Драмскиот театар, во телевизиски драми, емисии, како и во Македонските народни приказни.
Комеморацијата во чест на актерот Ванчо Петрушевски ќе се одржи во Драмски театар, во понеделник во 10:00 часот.
Истиот ден, од 12 до 13 часот неговите посмртни останки ќе бидат изложени во капелата на гробиштата во Бутел, а потоа ќе се одржи погребот.