22/11/2024
Македонија

Информација од уписот во јавните средни училишта

ИНФОРМАЦИЈА

Од уписот во јавните средни училишта во Република Северна Македонија

за учебната 2021/2022 година

(прво пријавување)

Првото пријавување и запишување на учениците се реализираше во деновите 14, 15, 16 и 17 јуни 2021 година, а ранг листите со резултатите од запишувањето и слободните места се објавија на 17 јуни 2021 година.

Во средните училишта во кои се реализираат наставни планови и наставни програми за уметничко образование квалификациско тестирање ќе се организира на 21 јуни 2021 година.

Квалификационото тестирање ќе се организира на 21 јуни 2021 година во СУГС „Д-р Панче Караѓозов“ – Град Скопје (за стручно образование – здравствена струка за образовниот профил медицинска сестра на албански наставен јазик), а конечните ранг листи со резултатите ќе се објават на 21 јуни 2021 година.

Второто пријавување и запишување на учениците ќе се врши на 23 и 24 јуни 2021 година во период од 07:00 часот до 19:00 часот и на 25 јуни 2021 година во период од 07:00 часот до 15:00 часот, согласно изготвен распоред од страна на училиштето. Ранг листите со резултатите од запишувањето и слободните места ќе се објават на 25 јуни 2021 година.

Квалификационото тестирање за второто пријавување ќе се организира во училиштата за средно образование на 26 јуни 2021 година, а конечните ранг листи со резултатите ќе се објават на 26 јуни 2021 година.

Од доставените прегледи на јавните средни училишта за бројот на пријавени и запишани ученици во првото пријавување, како и бројот на слободни места за второто пријавување добиени се следните податоци:

Во првото пријавување вкупно се пријавија 16 884  ученици од кои:

• 11 575 ученици за настава на македонски наставен јазик,

• 4 998 ученици за настава на албански наставен јазик,

• 289 ученици за настава на турски наставен јазик,

• 4 ученици за настава на српски наставен јазик и

• 18 повторувачи.

По првото пријавување вкупно се запишаа 12 866 ученици од кои:

• 9 703  ученици за настава на македонски наставен јазик,

• 2 959 ученици за настава на албански наставен јазик,

• 183 ученици за настава на турски наставен јазик,

• 4 ученици за настава на српски наставен јазик и

• 17 повторувачи

Според видот на образованието, во првото пријавување запишани се вкупно:

• 4 651 ученици во гимназиско образование

 

• 7 353 ученици во стручно образование

 

• 226 ученици во Спортска академија

 

• 136 ученици во спортска гимназија

Конкурсот за запишување ученици е завршен за гимназиско образование во:

– СУГС Гимназија „Јосип Броз Тито“ – Скопје во паралелките на македонски наставен јазик;

– СУГС Гимназија „Никола Карев“ – Град Скопје и

– СУГС „Георги Димитров“ – Град Скопје.

Конкурсот за запишување ученици е завршен за здравствена струка во:

 

– ОСМУ „Д-р Јован Калаузи“ – Битола, за образовниот профил медицинска сестра во паралелките на македонски наставен јазик;

– СОУ „Димитрија Чуповски“ – Велес за образовниот профил медицинска сестра во паралелките на македонски наставен јазик;

– СМОУ „Гостивар“ – Гостивар, за образовниот профил медицинска сестра во паралелките на албански наставен јазик;

– СОУ „Наце Буѓони“ – Куманово за образовниот профил медицинска сестра во паралелките на албански наставен јазик;

– СОУ „Ѓорче Петров“ – Прилеп за образовниот профил: медицинска сестра, фармацевтски техничар и физиотерапевтски техничар во паралелките на македонски наставен јазик;

– СУГС „Д-р Панче Караѓозов“ – град Скопје за образовните профили медицинска сестра на македонски наставен јазик, забен техничар на албански наставен јазик, фармацевтски техничар на македонски и на албански наставен јазик, медицински лабораториско-санитарен техничар на македонски наставен јазик, физиотерапевтски техничар на македонски јазик и гинеколошко акушерска сестра на албански наставен јазик;

– СУГС „Цветан Димов“ – град Скопје за образовните профили медицинска сестра и фармацевтски техничар во паралелките на албански наставен јазик;

– СУГС „Марија Кири Склодовска“ – град Скопје, за образовните профили фармацевтски техничар на македонски наставен јазик, медицински лабораториско-санитарен техничар на македонски и на албански наставен јазик;

– СОУ „Нико Нестор“ – Струга за образовниот профил медицинска сестра во паралелките на албански наставен јазик и македонски наставен јазик;

– СОУ „Димитар Влахов“ – Струмица, за образовните профили фармацевтски техничар и медицинска сестра во паралелките на македонски наставен јазик;

– СОМУ „Никола Штејн“ – Тетово, за образовните профили болничар-негувател на албански наставен јазик и медицинска сестра на македонски и на албански наставен јазик.

Конкурсот за запишување ученици е завршен за економско – правна и трговска струка во:

– СОУ „Јосиф Јосифовски“ – Гевгелија, за образовниот профил економски техничар на макдонски наставен јазик;

– СУГС „Цветан Димов“ – Скопје за образовниот профил продавач-референт за продажни услуги на албански наставен јазик.

 

Конкурсот за запишување ученици е завршен за угостителско – туристичка струка во:

 

– СОУ „Коле Нехтенин“ – Штип, за образовните профили келнер – готвач во паралелките на македонски наставен јазик.

 

Конкурсот за запишување ученици е завршен за лични услуги во:

 

– СОМУ „Никола Штејн“ – Тетово, за образовниот профил техничар за козметичка нега и убавина во паралелките на албански наставен јазик.

 

Конкурсот за запишување ученици е завршен за електротехничка струка во:

 

– СОУ „Ѓорѓи Наумов“ – Битола за образовниот профил електротехничар за компјутерска техника и автоматика во паралелките на македонски наставен јазик;

– СОУ „Коле Неделковски“ – Велес за образовниот профил електротехничар за компјутерска техника и автоматика во паралелките на македонски наставен јазик;

– СОУ „Илинден“ – Илинден за образовниот профил електротехничар за компјутерска техника и автоматика во паралелките на македонски наставен јазик;

– СОУ „Ѓошо Викентиев“ – Кочани за образовниот профил електротехничар за компјутерска техника и автоматика во паралелките на македонски наставен јазик;

– СОУ „Ѓорче Петров“ – Крива Паланка за образовниот профил електротехничар за компјутерска техника и автоматика во паралелките на македонски наставен јазик;

– ОСТУ „Наце Буѓони“-Куманово за образовниот профил електротехничар за компјутерска техника и автоматика во паралелките на македонски наставен јазик;

– СОУ „Ристе Ристески Ричко“ – Прилеп за образовниот профил електротехничар за компјутерска техника и автоматика во паралелките на македонски наставен јазик;

– СУГС „Михајло Пупин“ – Скопје за образовниот профил електротехничар за компјутерска техника и автоматика во паралелките на македонски наставен јазик;

– СОУ „Нико Нестор“ – Струга за образовниот профил електротехничар за компјутерска техника и автоматика во паралелките на македонски наставен јазик;

– СОУ „Никола Карев“ – Струмица за образовниот профил електротехничар за компјутерска техника и автоматика во паралелките на македонски наставен јазик;

– СОУ „Коле Нехтенин“ – Штип за образовниот профил електротехничар за компјутерска техника и автоматика во паралелките на македонски наставен јазик.

 

Конкурсот за запишување ученици е завршен за шумарско-дрвопреработувачка струка во:

 

– СОУГС „ Георги Димитров“ – Скопје за образовниот профил техничар за мебел и ентериер во паралелката на македонски наставен јазик.

 

Конкурсот за запишување ученици е завршен за хемиско – технолошка струка во:

 

– СУГС „Марија Кири Склодовска“ – град Скопје, за образовниот профил хемиски лабораториски техничар на албански наставен јазик.

 

Конкурсот за запишување ученици е завршен за сообраќајна струка во:

 

– СОУ „Ристе Ристески Ричко“ – Прилеп за образовниот профил техничар за патен сообраќај во паралелката на македонски наставен јазик;

– СОУ „Никола Карев“ – Струмица за образовниот профил техничар за патен сообраќај во паралелката на македонски наставен јазик.

 

Конкурсот за запишување ученици е завршен за графичка  струка во:

 

– СОУ „Ристе Ристески Ричко“ – Прилеп за образовниот профил графички техничар во паралелката на македонски наставен јазик.

 

Конкурсот за запишување ученици е завршен за машинска струка во:

 

– СОУ „Наце Буѓони“ – Куманово за образовниот профил техничар за компјутерско управување на македонски наставен јазик;

– СОУ „Никола Карев“ – Струмица за образовниот профил машински техничар за моторни возилана македонски наставен јазик.

 

Конкурсот за запишување ученици е завршен за градежно геодетска струка во:

 

– СОУ „Нико Нестор“ – Струга за образовниот профил архитектонски техничар.

 

Слободни места за второто пријавување има за вкупно 16 673 ученици од кои:

• 10 857 за настава на македонски наставен јазик,

• 5 128  за настава на албански наставен јазик,

• 658  за настава на турски наставен јазик  и

• 30 за настава на српски наставен јазик