Информација за билети за натпреварот Италија – Македонија во Палермо
Фудбалската федерација на Македонија ги информира навивачите и љубителите на фудбалот во Македонија дека одделот во „Куќа на фудбалот“ задолжен за распределба на билети за плејоф натпреварот Италија – Македонија за пласман на СП 2022, преку електронска форма има добиено вкупно 2604 барања за купување на влезници за мечот во Палермо.
Бројката на пристигнати апликации е примена до 15. март 2022 година.
Изразуваме почит и благодарност до секој поединец со искрена намера да ја бодри нашата репрезентација на стадионот „Ренцо Барбера“ во Палермо, но истовремено праќаме важна напомена дека Фудбалската федерација на Македонија располага со лимитирана квота на билети која ни беше ставена на располагање според пропозициите на УЕФА (вкупно 5% од капацитетот на стадионот).
Можноста да им овозможиме купување на влезници на сите наши фанови практично е невозможна.
Имајќи го во предвид бројот на билети кои ги имаме на располагање, ФФМ може да задоволи околу педесет проценти од лицата кои аплицираа за билети за натпреварот Италија – Македонија.
ФФМ преку одделот за безбедност и интегритет оствари блиска комуникација со навивачките групи во нашата држава кои изразија интерес да ја бодрат репрезентацијата во Палермо и согласно нивните барања и бројот на билети кој можеше да биде ставен на располагање, ФФМ обезбеди можност околу 150 навивачи организирано да патуваат во Италија.
ВАЖНО
Лицата кои аплицирале за билети и имаат добиено кодови:
Треба да пристапат на следниот линк за билети: https://www.vivaticket.com/it/ticket/playoff-qualificazioni-mondiali-2022-italia-macedonia-del-nord-guests/177386
Со добиените кодови од одделот за билети на ФФМ ги купуваат истите;
Билетот го добиваат во електронска форма;
Пред да отпатуваат за Италија, задолжително мора да го пополнат и поседуваат формуларот кој се наоѓа на следниот линк: https://app.euplf.eu/#/
Македонските навивачи кои ќе патуваат во Палермо, Италија за натпреварот Италија – Македонија мора да ги почитуваат следните регулативи на италијанските власти во услови на пандемија: Ковид-19 регулатива за влез во Италија.docx
Лицата кои добиле кодови за купување на билети, процесот на купување треба да го завршат по добивањето на истите, но најдоца до 17. март до 22:30 часот.
Платформата, односно линкот за купување билети се затвора во 22:30 часот на 17. март 2022.
Ги повикуваме сите љубители на фудбалот и поддржувачи на македонската репрезентација со фер и коректно навивање да им помогнат на „Рисовите“ да дојдат до победа и дополнително да се приближиме кон пласман на СП во Катар 2022.
WebOhrid / 17.03.2022 / ФФМ