Информација за нов сличај на Конго Кримска хеморагична треска
Во доцните вечерни часови на 12.08.2023, Одделот за епидемиологија на заразни заболувања при ИЈЗ РСМ е телефонски известен за позитивен резултат на Конго Кримска хеморагична треска од направените тестови на материјал добиен од Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби.
Тестирањата се направени на Одделението за вирусологија при ИЈЗ.
Заболеното лице е маж на возраст од 42 години, од Велес, трансфериран на Клиниката од Општа болница Велес, истиот ден.
Почетокот на симптомите на покачена температура до 38°Ц, главоболка, болка по телото, малаксаност и обилно потење, е 5 дена пред преглед во Општата болница во Велес.
Веднаш е известен ЦЈЗ Велес да формира тим кој направи епидемиолошка анкета на заболениот, проценка на ризик во семејството и на лицата кои биле во контакт во здравствените установи.
Во моментов, пациентот е хоспитализиран на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби и во стабилна општа состојба.
Во контекст на пристапот Едно здравје (One health) контактирана е Агенцијата за храна и ветеринарство за дополнителни истражувања на терен.
Одделот за епидемиологија на заразни заболувања при ИЈЗ е во комуникација со ЦЈЗ Велес и ја следи состојбата, а доколку има промена, соодветно ќе информира.
WebOhrid / 14.08.2023 / Институт за јавно здравје на РСМ