Информација за пријавување на штети од невремето
Се информираат жителите на Општина Охрид дека настанатите штети од невремето може да ги пријават до 30.06.2023 година (петок).
Барањата за пријава на штети се подигаат во архивата на Општина Охрид, а кон барањето задолжително се приложува имотен лист и лична карта.
Настанати штети може да се пријават само за недвижен имот и за земјоделски култури.
WebOhrid / 24.06.2023 / Општина Охрид