Иницијатива од Левица за бесплатен автобуски превоз на пензионерите во Охрид
На 12.03.2024 година, членот на Советот на Општина Охрид од Левица – Виолета Аврамоска поднесе Иницијатива за бесплатен автобуски превоз на пензионерите во градот Охрид.
„Економската состојба во Република Македонијa и во Охрид, придонесе видно да се влоши финансиската состојба на пензионерите. Со малите пензии одвај преживуваат и се без услови за пристоен живот.
Бесплатниот автобуски превоз во голема мера би им го олеснил нивниот живот и би ги намалил нивните секојдневни давачки.
Оваа иницијатива ја поднесувам по барање на поголема група пензионери од Охрид“ – стои во образложението поднесено од советничката од Левица – Охрид.
12.03.2024 / Левица ЛО Охрид