Иницијатива за прогласување на Национален парк Јабланица
Утре во просториите на Општина Струга, ќе биде потпишана Иницијатива за заштита на Планината Јабланица преку прогласување на планината за заштитено подрачје во категорија Национален парк. Иницијативата ќе ја потпишат градоначалникот на Општина Струга, Рамиз Мерко и градоначалникот на Општина Вевчани, Сашо Јанкоски.
Иницијативата е веќе поддржана од претседателите на сите месни заедници – села од подрачјето на планината Јабланица кои што се наоѓаат во територијата на идниот Национален парк или во нејзино непосредно соседство, согласно предложеното зонирање на Националниот парк согласно претходно направените научни студии.