23/11/2024
Македонија

Институтот за македонски јазик со Отворени денови и промоција на нови изданија

Отворените денови во Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ почнуваат денеска, со промоција на три нови изданија. Централен настан е дводневната меѓународна научна конференција „Минатото на јазичниот свет – денес и утре“ што ќе се одржи на 15 и 16 ноември…

Изданијата што ќе ги промовира Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ денеска се издадени во текот на оваа година.

Се работи за Речник на црковнословенски јазик од македонска редакција II, свеска 12; Записи од мојот крај (Долна Преспа, Република Албанија) од Крисанта Јанкула, и Народни песни од Малеш од Станко Костиќ (Костовски) со историско-дијалектолошка анализа од Илија Бетински Малеш.

Отворените денови на Институтот за македонски јазик траат до петок.