26/11/2024
Охрид

Интензивирани активностите за расчистување на просторот за сидрење на пловни возила

ЈП „Билјанини Извори“ ја информира јавноста дека ги интензивира активностите околу расчистување и уредување на просторот наменет за сидрење на пловни возила кој неодамна со одлука на Советот на Општина Охрид го презеде на времено владение.

„После алармантната ситуација која ја увидовме со превземањето на локацијата во делот на заштита на Охридското езеро и третманот досегашен кон него, ЈП „Билјанини Извори“ достави барање до Јавната Научна Установа Хидробиолошки завод Охрид. Итната потреба за делување на ЈП „Билјанини Извори“ во име на горенаведеното го потврди и доставеното мислење на најповиканата институција за заштита на Охридското езеро со број 03-188/2 од 08.06.2020 година во која ни се дозволува да се изврши чистење на тињата од горниот брегот према Охридското езеро во должина по целата страна од 20 метри и ширина од брегот кон трските од 5 метри. ЈП „Билјанини Извори“ согледувајќи ја итната потреба ги интензивира активностите што можете да видите од фотографиите кои се дел од ова известување.“ – стои во соопштението од ЈП „Билјанини Извори“.