Интензивни активности за расчистување на снегот
Поради врнежите од снег кои го зафатија Охридскиот регион, денеска интензивно се работеше на расчистување на главните сообраќајници, пешачки патеки и јавни површини во централното градско подрачје и приградските населби.
Расчистени и проодни се локалните патишта кон сите села во општината и непрекинато продолжуваат активностите за чистење на коловозот. Ангажирана е целокупната расположлива опрема на ЈП “Охридски Комуналец” заедно со околу 70 работници кои рачно го чистат снегот.
Исто така, рано утринава беше извршено и прскање со специјално средство против замрзнување на улиците кои се наоѓаат во повисоките делови на градот. Теренските активности за чистење на снегот ќе продолжат и во текот на наредните денови во согласност со потребите и временските услови.