22/11/2024
Охрид

Интензивни контроли на СВР за откривање пиротехнички средства

Со цел елиминирање на нелегалната трговија со пиротехнички средста и спречување на несаканите последици од нејзино користење во текот на претстојните празници, СВР Охрид  започна со интензивни мерки и контроли врз физички и правни лица кои нелегално вршат продажба на петарди, огномети и други пиротехнички средства.

Со приближувањето на Новогодишните и Божиќните празници, станува актуелна употребата на пиротехнички средства, најчесто петарди, па поради тоа, полициски службеници ќе вршат, контроли на тезгите за новогодишни реквизити, на пазарите, продавниците и другите јавни места во Охрид и на целото останато подрачје. Полициските службеници, во текот на наредната недела уште повеќе ќе ги интезивираат теренските активности, но и ќе вршат контроли во сообраќајот, односно ќе ги контролираат патничките и другите моторни возила.

Согласно Законот за заштита од експлозивни материи, пиротехнички производи се средства што се употребуваат за огномети, како и предмети што содржат прскави состојки кои со дејство на експлозив или други состојки служат за постигнување ефекти на оган, чад, светлина и пукање и се класифицирани како експлозивни материи.

Пиротехничките средства, во Законот за заштита од пиротехнички средства, се квалификуваат како експлозивни материи, со кои промет единствено можат да вршат правните субјекти кои се регистрирани за таква дејност. Во согласност со истиот закон, промет со експлозивни материи можат да вршат трговски друштва кои се регистрирани за таква дејност во централниот регистар на РМ  и имаат одобрение за дејноста од МВР на Република Македонија.

Против сите граѓани кај кои ќе бидат пронајдени петарди и други пиротехнички средства ќе бидат поднесени соодветни прекршочни пријави.