Интензивни контроли за сузбивање на незаконит риболов
Интензивни се контролите што, координирано ги преземаат СВР Охрид, граничната-езерска полиција, регионален центар Запад и Државниот инспекторат за земјоделие, со цел сузбивање на казнени дела поврзани со незаконит риболов и други дела спротивни со Законот за рибарство и аквакултура. Целта е откривање на сторители на вакви казнени дела и заштита на рибниот фонд во водите на Охридското езеро.
Од почетокот на оваа година, на охридско – струшкото крајбрежје, реализирани се околу 80 акциски контроли во кои, затекнати се повеќе лица при вршење незаконит риболов од кои три се приведени, пронајдени и одземени се околу 300 парчиња разновидна риба со вкупна тежина од над 122 килограми. Притоа, одземени се околу 220 рибарски мрежи во вкупна должина од околу 23.000 метри, неколку метални чамци како и друга разновидна рибарска опрема. Рибниот улов заедно со мрежите се предадени во Јавната научна установа „Хидробиолошки Завод“ Охрид.
Мерките против незаконитиот риболов и понатаму ќе се спроведуваат.