Интензивно се расчистуваат дивите депонии на територијата на општина Дебрца
Општина Дебрца започна со интензивно расчистување на дивите депонии, со што ќе бидат опфатени сите јавни простори во општината, натрупани со комунален и друг вид на отпад и градежен шут.
„Започнавме со чистење на една од најголемите депонии, просторот во м.в. „Царo Поле“, помеѓу патниот правец село Ново Село – село Белчишта и течението на реката Сатеска, кај село Ново Село. Простор кој со години е деградиран со најразличен вид на отпад.
По завршувањето на чистењето на депониите ќе спроведеме широка акција за јакнење на еколошката свест на граѓаните, а потоа засилен инспекциски надзор и крајно против сите прекршители ќе преземеме со закон пропишани санкции.
Ветивме нула толеранција за дивите депонии и затоа апелирам до сите граѓани да дадеме придонес Дебрца да остане чиста и незагадена, со заштитено природно наследство.“ – потенцираше градоналаникот Ногачески.