22/11/2024
Охрид

ИПА Охрид и глувите и наглуви лица од Охрид, засадија ИПА дрвце

„ИПА борче“, ќе биде дрвцето-дел од прекрасниот зелен и живописен парк на охридскиот хотел „Далјан“, што денеска,  полициски службеници-членови на ИПА Охрид, со љубов го засадија во паркот на овој единствен хотел на охридското езерско крајбрежје, целосно адаптиран за лицата со попреченост, каде вработените го „говорат“ знаковниот јазик кој е алатка за комуникација помеѓу глувите и наглуви лица.

Денеска, Интернационалната полициска асоцијација-регион Охрид, беше дел од еколошката акција на Здружението на глуви и наглуви лица од Охрид за садење дрвја во паркот  на хотелот „Далјан“, на брегот на Охридското Езеро.

Полициски службеници-членови на ИПА Охрид, со љубов го засадија ИПА зеленото борче и повеќе дрвја во дел од прекрасниот зелен и живописен парк на хотелот „Далјан“ и поминаа убави мигови со членовите на Здружението кои, со оваа еко акција, станаа дел од проектот Инклузивна екологија- „Да оставиме зелена трага“.

Со своето учество во оваа еко акција, ИПА Охрид се придружи на напорите на глувите и наглуви лица, за јакнење на еколошката свест кај сите граѓани, за посветеноста-секое ќоше и дел од јавните површини да се засади со цвеќе, трева или друго растение а со тоа, да се разубави нашиот град и целата наша околина.

Денешната еко акција и еко дружба е во склоп на неодамна потпишаниот меморандум за соработка помеѓу ИПА и Здружението за глуви и наглуви лица, таа е знак за меѓусебно пријателство и е во целосна согласност со принципите и целите на Интернационалната полициска асоцијација како и со ИПА мотото SERVO PER AMIKECO- СЛУЖИМЕ НИЗ ПРИЈАТЕЛСТВО.


WebOhrid / 13.04.2024 / ИПА Охрид