24/11/2024
Охрид

ИПА Охрид и Здружението на глуви и наглуви лица Охрид потпишаа Меморандум за соработка

Интернационалната полициска асоцијација-регион Охрид (ИПА ОХРИД) и Здружение на глуви и наглуви лица Охрид, денеска потпишаа Меморандум за соработка. Меморандумот што го потпишаа претседателот на ИПА Охрид м-р Стефан Димоски и Славица Стефаноска, секретар на здружението, е знак за меѓусебно пријателство со цел, јакнење на комуникацијата меѓу глувите и наглуви лица со ИПА полициските службеници, воспоставување на системска меѓусебна соработка и едукација на теми од областа на безбедноста.

Според Стефан Димоски, претседател на ИПА Охрид, меморандумот, има за цел, планирање и програмско унапредување на меѓусебната комуникација, соработка во областа на безбедноста, преку едукација и реализација на практични форми на едукативни работилници со теми од областа на безбедноста,  реализирање на кампањи за дефинирање и форми за практично решавање на проблемите од безбедносен аспект како и можност за запознавање на ИПА полициските службеници со основните одредби од знаковниот јазик и начините на комуникација на членовите на Здружението.

Според Славица Стефаноска, секретар на здружението, меморандумот шти го потпишавме со ИПА Охрид ќе значи и  поттик на глувите и наглуви лица кон поголема одлучност за комуникација со полициските службеници во врска со нивните проблеми и потреби од областа на безбедноста  како и зголемена грижа за инклузивност на оваа категорија граѓани, стекнување основни информации за работата и начинот на функционирање на полицијата двете страни потписнички, запознавање на членовите на Здружението со законските одредби поврзани со работата на полицијата.


WebOhrid / 12.03.2024 / ИПА Охрид