25/11/2024
Охрид

Исчистен патот кон Скребатно и црквата „Успение на Пресвета Богородица“

По налог на Општина Охрид во текот на изминатите денови беше извршено чистење на патниот правец кон селото Скребатно и црквата “Успение на Пресвета Богородица”.

Со цел да се обезбеди непречено и безбедно одвивање на сообраќајот, со помош на механизација беа отстранети одрони и наноси од земја и камења, а беше исчистена и сувата неуредна вегетација.