Истекува рокот за пријавување за втората по ред Бизнис лига во мал фудбал
Истекува рокот за пријавување за втората по ред Бизнис лига во мал фудбал која ЈП „Билјанини Извори“ ќе ја организира од 02.03.2019 до 21.04.2019.
Сите заинтересирани треба:
- да состават своја екипа вкупно 10 играчи (сите вработени во претпријатието),
- да достават список на играчи (име, презиме, бр. на л.карта, заверен со печат и потпис од организацијата) и
- да уплатат котизација во висина од 30 000 денари по екипа, на жиро с-ка 530000200889310 Охридска Банка АД Охрид, назнака: Бизнис лига во мал фудбал.
Пријавувањето на екипите и подигнувањето на апликација може да се врши на biljaniniizvori.mk или facebook: ЈП БилјаниниИзвори – Охрид од 11.02.2019 – 25.02.2019. Бројот на екипите е ограничен, а повеќе информации околу пријавувањето и самата лига сите заинтересирани ќе можат да добијат на следниот контакт телефон 078 261-164 (Владо).
За првопласираните ЈП „Билјанини Извори“ ќе им додели бесплатни ваучери за користење на спортската сала и бесплатно рекламирање во истата. За сите учесници ќе им биде овозможено поставување на рекламно пано во спортската сала за време на траењето на лигата.