Источен петок – Балаклија, отслужена света архиерејска Литургија во храмот „Успение на Пресвета Богородица“ – Каменско
На 10.05.2024 година, во Петокот од Светлата седмица, Источен петок – Балаклија, во храмот „Успение на Пресвета Богородица“ – Каменско во Охрид, беше отслужена света архиерејска Литургија, на којашто чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Плаошко-струшки и Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, во сослужение на протоереј-ставрофорите Никола Христоски и Кирил Јованоски, протоереите Љупчо Симиџиески и Горан Ставрески, свештениците Димче Азески, Ѓорѓи Блажевски, Роберт Илијевски и Васил Михајлоски, еромонахот Никодим и протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски.
По завршувањето на Литургијата, беше извршен чинот на Водосвет во Светлата седмица и беше прекршен празничниот колач, а свештеникот Ѓорѓи Блажевски, со благослов на Митрополитот Тимотеј, се обрати кон верниците со пригодно празнично слово.
WebOhrid / 10.05.2024 / Дебарско-кичевска епархија