Италијански уметник „црта“ со трактор
Италијанскиот уметник Дарио Гамбарин црта на ниви со трактор и плуг, а на уметничко орање се одлучил бидејќи потекнува од провинција.
Тој неговите дела ги изработува на нивите од неговите родители во близина на Верона во Италија, а по неколку дена тој ги преорува.
Гамбарин со оваа уметност почнал да се занимава пред 10 години, а меѓу неговите најпознати дела се портретите на Нелсон Мандела и папата Френсис. Го има изработено и портретот на Кенеди, за кого му биле потребни дури шест часа.