26/11/2024
Македонија

Иванов на средба со Могерини

Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, денеска ја прими г-а Федерика Могерини, висок претставник на Европската Унија за надворешни работи и безбедносна политика и заменик-претседател на Европската комисија.

На средбата беа разменети мислења за актуелната политичка состојба во Република Македонија и за процесот на европска интеграција, како и за клучните предизвици со кои се соочува регионот.

Претседателот Иванов истакна дека и понатаму ќе ги поддржува европските и евроатланските интеграции на Република Македонија кои се од огромно значење за просперитетот на државата, но истовремено порача дека стратешките цели не смеат да се злоупотребуваат на сметка на националните интереси и интересите на македонскиот народ.

– Мојот став е непроменет. Стратешка цел на Република Македонија е членство во Европската Унија и во НАТО Алијансата. Ho, ЕУ и НАТО не смеат да бидат алиби за лош договор со кој се отвораат многу повеќе прашања, одошто се затвораат, порача претседателот Иванов на средбата со г-а Могерини.