Иванов се сретна со Бенџамин Перкс, претставник на УНИЦЕФ во Република Македонија
Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, денеска го прими Бенџамин Перкс, претставник на УНИЦЕФ (Фондот за деца при Обединетите Нации) во Република Македонија.
На средбата беа разменети мислења за севкупните програмски активности што фондот ги реализира во Република Македонија во областа на здравјето за малите деца, раното учење и образование, спречувањето на насилството и заштита од насилство и злоупотреба, социјална заштита, следењето на детските права итн.
Претседателот Иванов ја истакна важноста на активностите што УНИЦЕФ ги реализира во Република Македонија и изрази очекување за натамошно продлабочување на соработката со државните институции.