26/11/2024
Охрид

Избран новиот состав на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Охрид

И.К на ВМРО-ДПМНЕ, на седница одржана на ден 14.05.2018 година, донесе одлука со која изврши избор на новиот состав на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Охрид.

„Овој тим во идниот период ќе биде меѓу народот, ќе разговара и ќе ги слушне мислењата, потребите и проблемите на граѓаните на општина Охрид. Се разбира добредојдени ќе бидат и критиките за евентуални пропусти од минатото и ќе се извлече поука истите во идните да не се повторуваат.

Во новиот тим има математичари, правници, доктори, економисти, професори, луѓе од различни фели, кои се компетентни во овој момент енергично и беспоштедно да се спротивстават на погрешните политики на актуелната власт како на локално така и на централно ниво.“ – велат од ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид.

Овој тим го сочинуваат лица кои претставуваат склоп на млади и искусни личности:

  • Сашо Донев – Претседател, Дипломиран Политиколог;
  • Лидија Тилева – Потпретседател, Доктор-Стоматолог Специјалист Ортодонт;
  • Јордан Пуроски – Потпретседател, Професор по информатички технологии;
  • Александар Китески – Секретар, Дипломиран правник;
  • Коста Трифуноски – Технички секретар, Дипломиран филолог;
  • Сашо Василески – Член, Пратеник, Доктор Специјалист Интернист;
  • Љубен Арнаудов – Член, Пратеник, Доктор Специјалист Гинеколог;
  • Љубинка Корабоска – Член, Дипломиран менаџер – Магистер по туризам;
  • Цветко Андреески – Член, Универзитетски професор;
  • Хари Шокароски – Член, Доктор Специјалист Анестезиолог-реаниматор;
  • Томислав Петровски – Член, Доктор Специјалист по ортопедска хирургија и трауматологија;
  • Славица Ќосеска – Член, Болничар;
  • Колчо Грозданов – Член, Доктор Специјалист Уролог;
  • Ангел Јанев – Член, Магистер за компјутерски науки и информатика;
  • Мишел Наумоски – Член, Адвокат;
  • Лидија Петкоска – Член, Дипломиран менаџер по туризам и угостителство;
  • Илија Арнаудоски – Член, Дипломиран по безбедност и финансиска контрола;
  • Ана Крстеска – Член, Магистер по дефектолошки науки;
  • Ѓоко Трпоски – Член, Дипломиран менаџер по царина и шпедиција;
  • Енес Рифат – Член, Електротехничар;
  • Маја Гугоска – Член, Дипломиран Професор по македонски јазик и литература;
  • Љубен Маркоски – Член, Машински техничар;
  • Александра Настоска-Николоска – Член, Дипломиран универзитетски инжинер по информатички науки и технологии;
  • Ристе Мишев – Член, Дипломиран менаџер по туризам;
  • Билјана Толевска-Стевоска – Член, Дипломиран инжинер по хемија;
  • Марија Јоноска – Член, Економски техничар;
  • Гоце Буџакоски – Член, Дипломиран менаџер по царина и шпедиција;
  • Билјана Коталески – Член, Дипломиран менаџер по осигурување;
  • Миле Шибакоски – Член, Дипломиран менаџер по царина и шпедиција;

Исто така дел од новиот Општински комитет ќе бидат и претставници на месните комитети и тоа:

  • Зоран Пазаркоски – МК Рача – Член, Дипломиран Правник;
  • Саше Здравески – МК Стар Град – Член; Дипломиран градежен инжинер;
  • Ѓорѓи Бошалески – МК Горна Влашка Мала – Член, Дипломиран менаџер по туризам;
  • Роберт Билбилоски – МК Велгошти – Член, Дипломиран менаџер по царина и шпедиција;
  • Борче Петкоски – МК Куратица – Член, Машински инжинер;
  • Игор Јовески – МК Железничка – Член, Дипломиран менаџер по туризам.