Избрано идејно решение за дизајн на промотивен материјал за Општина Охрид
Во постапката за спроведување на конкурс бр. 26-891/1 од 27.01.2020 година, за идејно решение за дизајн на промотивен материјал на општина Охрид, комисијата за избор на идејно решение и дизајн, ги информира учесниците на конкурсот за следното:
До крајниот рок за поднесување на предлозите 27.02.2020 година, пристигнале три (3) предлози.
Комисијата за избор на идејно решение и дизајн во соодветна постапка согласно конкурсните услови и конкурсните критериуми донесе одлука бр.09-2932/1 од 10.03.2020 година, за избор и рангирање на пристигнатите идејни решенија, при што за најуникатно, најиновативно, естетски најпрепознатливо, најоригинално и најизводливо е избрано идејното решение на авторот со шифра ИП (IP) со вкупно освоени 152 бодови,
На второ место со вкупно освоени 120 бодови е идејното решение на авторот со шифра ИО.
Од страна на комисијата не беа оценувани идејните решенија на авторот под шифра 33554, бидејќи беше констатирано дека истиот не доставил решенија за целокупниот материјал согласно конкурсот.
Согласно условите на конкурсот, Општина Охрид ги повикува авторите на наградените идејни решенија во рок од 7 дена да се јават во секторот за ТЛЕР кај претседателот на комисијата Горан Мицкоски, со лични податоци и печатена копија од доставените примероци на конкурсот, како потврда за автентичност.