25/11/2024
Охрид

Издавање на Б-Интегрирана еколошка дозвола

Градоначалникот на Општина Охрид

ОБЈАВУВА
Издавање  на Б-Интегрирана еколошка дозвола

Согласно член 126 од  „Законот за животна средина“ (Сл.весникна РМ бр.53/05,  81/05, 24/07, 159/08, 48/10, 124/10, 51/11, 123/12, 93/13, 42/14, 44/15, 129, 15 и 39/16 )  Градоначалникот на Општина Охрид за АВАНС-ПРОМ ДООЕЛ  Охрид, Живинарска фарма Вапилица с.Вапила, Охрид–Општина Охрид издаде

Б-Интегрирана еколошка дозвола  бр.21 – 5  од 10.01.2019 г.

Носител на дозволата  :
АВАНС-ПРОМ ДООЕЛ  Охрид, Живинарска фарма Вапилица с.Вапила, Охрид–Општина Охрид

Адреса на седиштето :
Седиште на компанијата, с.Вапила , Охрид
Локација на инсталацијата, с.Вапила, Општина Охрид

Координати на локацијата:
41°18´95´´N  20°82´79´´E

Контакт лице :
Лазо Силјаноски – управител на живинарската фарма,  претставник за животна средина

Категорија на инсталацијата :
6.6. Инсталации за интензивно живинарство или свињарство со капацитет од:
(а) 5.000 до 40.000 места за живина

Вид на активност:
Производство на конзумни јајца

Дозволата во печатена форма ќе биде достапна во просториите на општина Охрид, Сектор за  животната средина и управување со отпад, Одделение за заштита и влијание врз животната средина.