26/11/2024
Дебрца

Изгласан буџетот на Општина Дебрца за 2019 година

На вчерашната 18-та седница од Совет на Општина Дебрца, изгласан е буџетот на Општина Дебрца за 2019 година.

На изготвувањето на буџетот му претходеа средби со граѓани и месните заедници, на кои што беа слушани нивните предлози за тоа што Општината треба да направи во 2019 година. Општината Дебрца за прв пат овозможи преку пополнување на електронска апликација, граѓаните да можат да дадат свој предлог во поглед на креирање на буџетот за 2019 година. При изготвувањето на буџетот за 2019 година во целост се почитуваше принципот на буџетска дисциплина и рационално и ефикасно искористување на нивните приходи и истовремено сведување на непродуктивните трошоци на минимум, а за обезбедување поголем простор за развојни инвестиции.

Вкупниот буџет на Општина Дебрца за 2019 година е проектиран на сума од 106.500.000 денари. Основната цел на буџетот е да ги намали непродуктивните трошоци и да обезбеди простор за реализација на повеќе проекти. На тој начин ќе се обезбеди простор за мерки и проекти кои што ќе значат зајакнување на социјалната кохезија помеѓу граѓаните и зголемување на квалитетот на живот во општината.

Во буџетот за 2019 година предвидено е реализација на капитални проекти, инфраструктурни проекти, проекти од областа на образованието, културата, социјалата, спортот, животната средина, туризам и др.

Буџетот на Општина Дебрца за 2019 година беше изгласан после долга и сеопфатна дебата и во демократска атмосфера со седум гласови „за“.