Изгореа седум тони пченка во пожар на земјоделско земјиште во близина на Ново Село
На 23.02.2025 во 19:30 часот во СВР Охрид е пријавено дека на земјоделско земјиште со насади во близина на селото Ново село, општина Дебрца, настанал пожар при што изгореле околу седум тони пченка.
Пожарот бил изгаснат, а повредени лица нема.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
WebOhrid / 24.02.2025 / СВР Охрид