Изградба на канализација на дел од улицата „Рашанец“ во Лескоец
Јавното претпријатие „ Нискоградба“ изведува градежни работи на крак од улицата „ Рашанец“ во с. Лескоец.
Се изведува канализациона линија во должина од 135 метри со најголема длабочина од 3.75 метри. Се поставуваат цевки со дијаметар Ф-200 и изработка на шест ревизиони шахти.
Теренот е подложен на ерозија и бара посебни мерки на претпазливост .