Излезе четвртиот број од меѓународното научно списание „Безбедност“
Почитувани припадници на МВР,
Почитувани читатели,
Со особено задоволство Ви го претставуваме четвртиот број на Меѓународното научно списание на Министерството за внатрешни работи „Безбедност“.
Особено сме горди на фактот што по повеќе од две децении го обновивме издавањето на списанието и што со овој број заокружуваме две успешни години од развојот на научната мисла, која се повеќе ја ставаме и во функција на развојот на политиките и стратегиите за работа на полицијата и Министерството.
И во овој број ќе имате можност да прочитате интересни текстови и научни анализи за значајни прашања од областа на безбедноста.
Ги поттикнувам сите припадници на Министерството за внатрешни работи да ги користат современите истражувања во областа на безбедноста и во преземањето на полициските овластувања секогаш да ги имаат предвид законските одредби и најдобрите светски практики.
Би сакал да Ве поканам со Ваши стручни и научни текстови да го пренесете Вашето искуство за полициската наука и полициската практика. Меѓународното научно списание „Безбедност“ е наше заедничко четиво, во кое секако свое место ќе најдат текстовите од нашите почитувани колешки и колеги.
МИНИСТЕР ЗА ВНАТРЕШНИ РАБОТИ
ПРЕТСЕДАТЕЛ НА МЕЃУНАРОДНИОТ УРЕДУВАЧКИ ОДБОР НА МЕЃУНАРОДНОТО НАУЧНО СПИСАНИЕ „БЕЗБЕДНОСТ“
Оливер Спасовски