25/11/2024
Охрид

Излезе од печат „Охридскиот XIX век“ од Димитар Пандев и Славе Ѓорѓо Димоски

Денеска во издание на Општина Охрид, излезе од печат книгата „Охридскиот XIX  век“ од професорите Димитар Пандев и Славе Ѓорѓо Димоски.

Во книгата на 219 страници во 5 поглавја, опфатени се најзначајните културолошки и социјолошки појави во 19 век во Охрид, кои имале свои  рефлексии во македонската современа литература.

Книгата ќе биде промовирана утре, во 11 часот во салата на Општина Охрид. Промотор на книгата ќе биде проф.д-р Лилјана Гушевска.

Настанот ќе биде збогатен со уметнички перфоманс на актерката Валентина Божиноска и ансамблот „Билјана“.


WebOhrid / 31.07.2023 / Општина Охрид