26/11/2024
Охрид

Излезноста во Охрид до 17:00 часот е 44,77%

Од вкупно 52.223 избирачи во општина Охрид, до 17:00 часот гласале 23.366 односно 44,77%.

Во Охрид гласањето се одвива мирно и непречено, а забележани се мали неправилности и тоа:

На ИМ 1254/1 во ЈП „Охридски Комуналец“ во општина Охрид, гласач со нова лична карта го немало во ИС.

На ИМ 1253 во ОУ „Григор Прличев“ во општина Охрид, член на ИО задолжен за потпишување на гласачите во списокот, ги прашувал гласачите дали ќе гласаат и за претседател и за градоначалник, без претходно тие да постават прашање.

На ИМ 1258/1 во Противпожарниот дом во општина Охрид, лице кое и помагало на неписмена жена да гласа, не се тргнало од параванот, на глас и сугерирало за кого да гласа и наместо неа, тој го внел ливчето во кутијата.

WebOhrid