Изложба на книги од роднокрајни автори родени во март
Од денеска 2 до 9 март во Прличевата одаја на НУ Библиотека „Григор Прличев“ во Охрид е отворена за посета изложбата на книги од роднокрајни автори родени во март.
Јавноста одново може да се запознае со творештвото на Славе Ѓорѓо Димоски, Маринела Јовановиќ, Мито Спасески, Благородна Буџак, Ана Цветаноска, Јане Велјаноски и Левко Андоновски.
Изложбата ќе е отворена секој работен ден од 8 и 30 до 18 часот.