Изложбата „100 години од Македонскиот фронт – Секојдневниот живот на линијата на фронтот“ во Струга
Во фоајето на Центарот за култура „Браќа Миладиновци“ во Струга вчера и денеска е поставена изложбата „100 години од Македонскиот фронт – Секојдневниот живот на линијата на фронтот“ …
Изложбата, која е со патувачки карактер и е во организација на АНИМ – Асоцијацијата на наставници по историја на Македонија, ќе биде изложена и во Заводот за заштита на спомениците на културата и музеј – Битола, Музејот на град Прилеп, Порта Македонија во Скопје, а за подоцна се планирани гостувања и во други градови во Република Македонија.