22/11/2024
Охрид

Износот за картица за влез во стариот дел ќе биде субвенциониран од страна на Општина Охрид

ЈП „Билјанини Извори“ ја известува јавноста дека со одлука на Општина Охрид износот за добивање на картица за влез во стариот град на Охрид ќе биде целосно субвенциониран од страна на Општина Охрид.

„Сите ониe кои до сега извршиле уплата за добивање на картица износот целосно ќе им биде рефундиран. Поради тоа, ги молиме сите кои веќе уплатиле од утре да дојдат во просториите на ЈП „Билјанини Извори“, спортска сала „Билјанини Извори“.“ – стои во известувањето од ЈП „Билјанини Извори“ Охрид.


WebOhrid / 19.06.2023 / ЈП „Билјанини Извори“