Известување за градежни активности на „15-ти Корпус“
Поради изведување на градежни активности на улицата „15-ти Корпус“, утре на 29.04.2021 година (четврток) ќе има отежнат тек на сообраќајот, а можни се и повремени застои. Градежните активности ќе започнат во раните утрински часови (4:00 часот) и ќе траат во текот на денот.
Се молат сите учесници во сообраќајот да се придржуваат според соодветната сигнализација со цел да се обезбеди непречено и безбедно одвивање на сообраќајот. Се препорачува, доколку е можно и да се избегне овој дел за сообраќај додека траат градежните активности.