Известување за градежни активности на улицата „Македонски Просветители“
Согласно програмите за работа на Општина Охрид, а со цел обезбедување на функционалност на улицата „Македонски Просветители“ утре, 01.03.2023 година (среда) и на 02.03.2023 година (четврток), ќе се изведуваат градежни активности за рехабилитација со асфалтирање на крстосниците на оваа улица со улиците „Димитар Влахов“ и „Партизанска“. Поради тоа, на двете крстосници ќе има изменет режим на сообраќај.
Се известуваат сите учесници во сообраќајот да се придржуваат согласно изменетиот режим на сообраќај и по можност во текот на наредните два дена да не сообраќаат на посочените крстосници и да го избегнуваат движењето во централното градско подрачје.
WebOhrid / 28.02.2023 / Општина Охрид