Известување за изменет возен ред Охрид – Горно Лакочереј – Охрид
Поради градежните активности кои се изведуваат на локалниот пат од село Долно Лакочереј кон село Горно Лакочереј, се известуваат граѓаните дека општинскиот линиски превоз на патници на линијата Охрид – Горно Лакочереј – Охрид од ден 05.02.2025 година (среда) ќе се одржува со изменет возен ред.
Во периодот од 08:00 – 16:00 часот, автобусите нема да сообраќаат до Горно Лакочереј и истите ќе сообраќаат само до училиштето во Долно Лакочереј.
Во останатиот период од денот автобусите на наведената релација ќе сообраќаат согласно постојниот возен ред.
WebOhrid / 04.02.2025 / Општина Охрид