Известување за сопствениците на пловни објекти
ЈП „Билјанини извори“ ги известува сите сопственици на пловни објекти кои се усидрени во каналот Студенчишта, делот со кој стопанисува ЈП „Билјанини извори“ со одлука на Советот на град Охрид, а кои до сега го немаат регулирано својот статус (резервација на сидришно место), тоа да го сторат во наредните два дена (дирекција на ЈП „Билјанини извори“, 08-15 часот) инаку претпријатието ќе биде приморано да ги отстрани сите пловни објекти на товар на сопствениците на пловните објекти.