23/11/2024
Охрид

Извиднички завет 2018

Како и секоја година така и оваа во Извидничкиот центар-Охрид по повод патрониот празник на Охрид во редовите на Извидничкиот Езерски одред Пионер свечено дадоа извиднички завет новите извидници и официјално се приклучија кон големото светско извидничко семејство.

„Симболичното давање на завет претставува свечен чин при кој што извидниците замислувајќи ја својата животна желба ставаат дрвца во логорскиот оган преку чиј пламен желбите се поврзуваат со универзумот. Обврзувајќи се дека ќе работат и живеат според извидничките закони,дека ќе ја запознаат својата Татковина и дека ќе ги почитуваат и ќе им помагаат на другите според текстот на заветот,истите и формално стануваат извидници-скаути признати во целиот свет.

Воедно во оваа прилика беа доделени и поедини вештини и вештарства кои што извидниците ги стекнаа во изминатиот период.

Им посакуваме многу авантури во предстојниот извиднички живот!“– вели Зоран Костоски, Старешина на ИЕО Пионер.