16/09/2024
Охрид

Извлечен повреден холандски турист кај Елшани

Регионалниот ЦУК Охрид, известува дека во последното деноноќие Планинарската спасителна служба од 13:40 до 15:00 часот, имала спасителна акција на територија на општина Охрид.

Конкретно, извршено е извлекување на повредено лице од околината на с.Елшани (холандски турист) кое имало скршеница на нога и е предадено на екипа од Итната медицинска помош од Охрид.

Лицето е пренесено во болницата „Св. Еразмо“ во Охрид на понатамошен третман.

Сите итни случаи се пријавуваат на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во ЦУК, особено кога граѓаните имаат животозагрозувачки ситуации. Истовремено, ЦУК информира дека е корисно да се следат препораките и информациите од медиумите за превенција, а и за реагирање при итни случаи.


WebOhrid / 21.06.2024 / ЦУК