22/11/2024
Охрид

Извршителка добивала закани од охриѓанец

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „загрозување на сигурноста“, СВР Охрид до надлежното јавно обвинителство поднесе кривична пријава против Т.М. (50) од Охрид. Пријавениот подолг период вршел притисок врз Г.Џ. – извршител за подрачјето на Охрид, Струга и Дебар со седиште во Охрид, а во врска со донесени акти од нејзина страна. Тој постојано и се јавувал и и праќал пораки со недолична и заканителна содржина.

На 15-ти минатиот месец, пријавениот преку овластениот доставувач, на извршителката и упатил сериозни закани со што кај оштетената и другите вработени предизвикал чувство на страв, несигурност и вознемиреност.