„Јахја Кемал“ организираше Дискусија за мир и климатски промени за средните училишта од Струга и Охрид
По повод Неделата на мир, ПСУ „Јахја Кемал“ во Струга организираше конструктивна дискусија на тема „Климатска акција за мир“ која е годишна тема на Обединетите нации. Во оваа активност учествуваа училиштата СОУ „Нико Нестор“ и Гимназијата „Д-р. Ибрахим Темо“ од Струга и СОУ „Св.Климент Охридски“ од Охрид. Училиштата разговараа за две прашања,
- Going green треба да се заштити со закон
- Глобализацијата ќе придонесе за светскиот мир
Од ПСУ „Јахја Кемал“, СОУ „Нико Нестор“, СОУ „Ибрахим Темо“ и СОУ „Св. Климент Охридски“ велат дека оваа активност го истакна придонесот што младите можат да го дадат за решавање на вакви итни прашања како климатските промени и глобалниот мир.
На дускусијата се донесени следните заклучоци:
- Неспорен е ефектот на климатските промени врз мирот,
- Треба да преземеме активности за да ги достигнеме Глобалните цели со цел да имаме мирен и здрав свет,
- Going green ќе влијае позитивно на околината,
- Глобална цел број 13, Активноста за климата бара итно внимание заради нејзината итност,
- Глобализацијата може да им помогне на владите поефикасно да се борат со климатските промени,
- Going green значи да се придонесе за животната средина во мали, лични скали, но и во поголеми, индустриски размери,
- Помладата генерација покажа огромна упорност и придонесува за околината,
- Фокусирањето на глобалните цели ќе ни овозможи ефикасно решавање на проблемите,
- Учеството на младите во активизмот во животната средина позитивно влијаеше на начинот на кој гледаме на проблемите со животната средина,
- Мирот во голема мерка зависи од благосостојбата на околината,
Од ПСУ „Јахја Кемал“ тврдат дека оваа активност немаше да биде возможна без желбата и подршката на средните училишта кои учествуваа во дискусијата.
https://youtu.be/qize6iz0BE4