22/11/2024
Охрид

Јане Петков – „човекот амфибија“ ќе поставува нов Гинисов рекорд во Охридско Езеро

Охрид ќе биде домаќин на уште еден подвиг за гинис на „човекот амфибија“ како го нарекуваат Јане Петков од Петрич, Бугарија. Тој на 24 јули 2018 година ќе се обиде да преплива во Охридското езеро, врзан со ланци и во вреќа, должина поголема од 3,5 км и постави нов гинисов рекорд.

Финалните подготовки за овој подвиг Јане Петков ќе ги изведува во Охрид, од 10 јули 2018.

Организацијата на овој меѓународен атрактивен настан ќе биде на Црвен крст Охрид во соработка со Клубот за спортови на вода, Општина Охрид и Општина Петрич, Бугарија, а регуларноста ќе ја следат претставници на Гинис.

Само за потсетување, Јане Петков роден 1954 година, постави Гинисов рекорд во препливување врзан со ланци и во вреќа во должина од 2388 м. за време од 2ч.55м.47с., токму ва Охридското езеро, на патека Горица-Градско пристаниште Охрид во септември 2013 година. Тогашниот настан предизвика огромен интерес и беше проследен од голем број медиуми ширум светот.

Сегашниот гинисов рекорд во пливање врзан со ланци го поставил индиецот Гопал Карви со препливани 3071 м во Индискиот океан на 1.12.2013 година.