24/11/2024
Охрид

Јавен оглас бр.02/2019 за вршење на општински линиски превоз

Врз основа на Одлуката за вршење општински линиски превоз на патници во Општина Охрид бр. 09-7951/10 донесена од општинскиот  Совет  на ден 11.06.2015 година, Oпштина Охрид објавува

ЈАВЕН  ОГЛАС бр.02/2019

За добивање на дозвола за вршење на општински линиски превоз
Градска линија 1 и Градска линија 2

1. Предмет на овој оглас е доделување на дозволa за вршење на општински линиски превоз на патници за:

  • Градска линија 1 за период од 5(пет) години сметано од денот на добивање на дозволата за вршење на бараниот превоз (Релацијата е утврдена со Одлука на Совет бр.09-7951/10)  и
  • Градска линија 2 за период од 5(пет) години сметано од денот на добивање на дозволата за вршење на бараниот превоз (Релацијата е утврдена со Одлука на Совет бр.09-7951/10)

Возните редови за горенаведените линии кои се прилог на овој оглас заедно со одлуката на Совет бр.09-7951/10 и останатите обрасци потребни за огласот  може да се  подигнат преку официјалната веб страна на Општина Охрид-www.ohrid.gov.mk.

2. Услови кои треба да ги исполнуваат превозниците за добивање на дозвола за вршење на линискиот превоз:

1) Да е впишан во Централниот регистар на Република Македонија и да има регистрирано приоритетна  дејност- вршење на превоз на патници во патниот сообраќај;

2) да е сопственик на минимум 4(по две за секоја линија ) регистрирани возила за превоз или да има договор за лизинг за возила, да има од 20-32 места за седење  и најмалку 15 места за стоење, со исполнети посебни техничко-експлоатациони услови пропишани за возила за вршење на одделни видови на превоз  и потврда за еколошки стандарди на возилото ( најмалку ЕУРО 4) и за истите да поседува важечки извод од лиценца за  вршење општински линиски превоз;

3) Да има вработено во редовен работен однос возачи во зависност од бројот на моторните возила, минимум  еден возач  по возило што ги исполнуваат условите пропишани со прописите за безбедност на сообраќајот на патиштата;

4) Управителот или овластеното лице одговорно за превозот да има сертификат за професионална компетентност и

5) Да не е во сила правосилна судска пресуда за кривично дело против имотот, стопанството или безбедноста во јавниот сообраќај.

6) Посебни услови:

При аплицирањето превозникот мора да понуди најмалку 4 возила  кои не смеат да се поклопуваат во останатите линии(по две посебни возила за секоја линија). Четирите возила се бараат бидејќи две возила треба да биде во резерва во случај да се случи дефект на моторното возило со кое во моментот се врши превоз на патници.

На огласот економските оператори можат да учествуваат поединечно или групно под услови предвидени со закон.

НАПОМЕНА: (За поседување на бараните возила се приложува фотокопија од сообраќајната дозвола  заверена на нотар,  а додека за докажување на вработени возачи се приложува Список на вработени по обврзник издаден од ФПИОМ не постар од 60 дена)

Договорот за добивање дозвола за вршење превоз има важност 5 години согласно Законот за превоз.

Договорот ќе ги содржи минимум следните одредби:

  • Економскиот оператор(превозникот) се обврзува дека ќе вози на горенаведената релација за максимална цена односно цена пониска од максималната утврдена со Одлука на Совет(член 25-а од Одлуката за вршење општински линиски превоз на патници во Општина Охрид бр. 09-7951/10);
  • Општината го задржува правото за промена или дополнување на линиите назначени во возниот ред заверен во општина Охрид притоа превозникот нема да има право на приговор ниту да превзема некакво правно дејство;
  • Превозникот е должен во целост да ги почитува дополнувањата на Законот за превоз во патниот сообраќај(член 22-б) односно во склоп на општинскиот линиски превоз да врши и превоз на ученици(средно и основно образование) од најблиската автобуска постојка во местото на живеење на ученикот до најблиската автобуска постојка на училиштето во работни денови за период за кој се склучува договорот.

[член 22-б од дополнувањата на Законот за превоз во патниот сообраќај(Сл.весник на Р.М бр.163/18)]

3. Критериуми за доделување на дозволи за вршење на општински линиски превоз:

Дозволата ќе биде доделена на оној правен субјект кој во целост ги исполнува условите од точка 2 од јавниот оглас 02/2019, понудил највисок  паушал за користење на автобуски постојки за реализација на пакет  линијата за период од 5 години и потпишал изјава за прифаќање на максималните цени по релација за превоз на патници утврдени со Одлуката за општински линиски превоз на патници во Општина Охрид донесена од страна на Советот на Општина Охрид по предлог на одделението за сообраќај при Општина Охрид.

Најповолниот превозник на одредена линија ќе биде избран по одржување на електронското наддавање кое ќе се врши врз основа на првично изготвената ранг листа на датум и термин определен од Комисијата формирана за спроведување на огласот. Како почетна цена на електронското наддавање ќе се смета највисоко понудената цена за користење на автобуски постојки за период од 5 години утврдена во почетната ранг листа.

Начинот на одвивање на електронското наддавање ќе биде определен со правилник кој на понудувачите ќе им биде поделен на денот на отворање на понудите.

Дозволата и возниот ред од ставот 2 на овој член се издаваат со рок на важење од пет години.

4. Содржина и рок на доставување на понуда за добивање на дозвола за вршење на линискиот превоз:

Понудувачот го приложува оригиналниот примерок на понуда во запечатен внатрешен плик кој го содржи називот на понудувачот со целосна и точна адреса.

Внатрешниот плик се приложува во запечатен надворешен плик кој:

  • е адресиран со точна адреса на договорниот орган,
  • го содржи бројот на огласот, делот за кој аплицира
  • во горниот лев агол стои ознака „Не отварај“, да не се отвора пред времето и датумот за отворањето на понудите.

Пример како треба да се адресира надворешниот коверт:

,, Не отворај”
ЈАВЕН ОГЛАС БР.2 -Градска линија 1 -Градска линија 2                                                                                  ДоОпштина Охридул. ,,Димитар Влахов” бр.57

Понудата за добивање на дозвола за вршење на општински линиски превоз на патници во Општина Охрид и регистриран возен ред треба да содржи:

  • Полн назив, седиште и адреса на превозникот;
  • Матичен број и адреса на превознокот;
  • Пополнет образец на понуда;
  • Документи во оргинал или фотокопија за докажување на исполнување на уловите од  точка 2(два) од јавниот оглас;
  • Изјава за прифаќaње на максималната цена за чинење на возниот билет (истата е утврдена со Одлуката за вршење општински линиски превоз на патници).

Начинот на подмирување на надоместокот за користење на автобуски постојки ќе биде определен со договорот за добивање дозвола за вршење на превоз на одредена релација.

Во образецот понуда во делот надоместок, превозникот самиот го наведува износот на годишниот паушал за користење на автобуски постојки.

Понудите  кои нема да ја содржат целокупната барана документација нема да бидат предмет на евалуација.

Доколку двата плика не се затворени и обележани како што се бара, договорниот орган не презема одговорност за затурање или предвремено отворање на понудата. Понудите кои се отворени предвремено поради непридржување кон условите за затворање и обележување на истите ќе се отфрлат како неуредни.

Заинтересираните превозници своите понуди треба да ги достават во затворени коверти со назнака за Јавен оглас 02/2019, најдоцна до 16. 12. 2019 година до 13:00 часот на следната адреса: Општина Охрид-Комисија за спроведување на оглас 02/2019-релација  Градска линија 1  и  Градска линија 2,  ул. Димитар Влахов бр.57 Охрид.

Записникот од отварањето на понудите на сите подносителите на понуди ќе им биде достапен во секое време.

ОПШТИНА ОХРИД
Комисија за спроведување на јавен оглас 02/2019

Понуда-Градска линија 1

Понуда-Градска линија 2

Возни редови за Градска линија 1 и Градска линија 2

Одлука на Совет за општински линиски превоз на патници-страна 28

Изјава за цени

Изјава за превоз на ученици