ЈАВЕН ОГЛАС за прием на професионални војници
Врз основа на член 31, 36, 39 и 40 од Законот за служба во Армијата на Република Македонија („Службен весник на Република Македонија“ бр. 36/10, 23/11, 47/11, 148/11, 55/12, 29/14, 33/15, 193/15 и 71/16), член 1 од Правилникот за начинот на спроведување на постапка за прием на кандидати за офицери, односно подофицери, професионални војници и цивилен персонал на служба во Армијата на Република Македонија („Службен весник на Република Македонија“ бр. 57/18), Министерството за одбрана на Република Македонија објавува
Ј А В Е Н О Г Л А С
1. За прием на 125 (сто дваесет и пет) професионални војници на служба во Армијата на Република Македонија за работа на определено работно време со договор за вработување во времетраење од 3 (три) години.
2. Кандидатите за прием на професионални војници на служба во Армијата на Република Македонија од точка 1 на овој оглас треба да ги исполнуваат следните услови:
Општи услови:
– да се државјани на Република Македонија;
– да се полнолетни и
– да имаат посебна здравствена и физичка способност.
Посебни услови:
– да имаат завршено средно образование;
– да имаат завршено доброволно служење на воениот рок и
– да не се постари од 25 години на денот на завршувањето на огласот за прием на професионални војници.
3. Лицата кои се здравствено осигурани и ќе приложат потврда издадена од матичен лекар за поседување на општа здравствена способност кон пријавата за прием на кандидати за професионални војници на служба во АРМ, нема да подлежат на почетни проверки за поседување на општа здравствена способност.
Лицата кои не се здравствено осигурани и согласно тоа, не се во можност да достават потврда од матичен лекар за поседување на општа здравствена способност кон пријавата за прием на кандидати за професионални војници на служба во АРМ, ќе бидат испратени на проверка на општата здравствена способност на Институтот за физиологија при Клинички центар – Скопје.
4. Во постапката за избор, проверката на физичката и здравствената способност на кандидатите за професионални војници на служба во АРМ, ќе биде извршена од страна на посебни комисии формирани од министерот за одбрана.
Кандидатите ќе подлежат на тестови за проверка на физичката подготвеност согласно Правилникот за начинот на одржување и проверка на физичката способност на активниот воен персонал на служба во АРМ („Службен весник на Република Македонија“ бр.170/16).
5. При вработувањето ќе се води сметка за соодветна и правична застапеност на граѓаните кои припаѓаат на сите заедници со почитување на критериумите на стручност и компетентност.
6. Работното време е од 08,00 часот до 16,00 часот.
7. Платата изнесува од 18.000,00 денари до 22.000,00 денари.
8. Со избраните кандидати ќе се склучи договор за работа на определено време со времетраење на договорот од 3 (три) години, со можноста за негово продолжување повеќе пати, но најмногу до навршување на 45 години возраст.
9. Јавниот оглас за прием на професионални војници ќе трае 15 дена од денот на објавување во најмалку два дневни весници од кои најмалку во еден од весниците што се издаваат на македонски јазик и еден од весниците што се издаваат на јазикот што го зборуваат најмалку 20% од граѓаните кои зборуваат службен јазик различен од македонскиот јазик и интернет страната на Министерството за одбрана.
10. Кандидатите за професионални војници на јавниот оглас може да се пријават преку електронска пошта во Министерството за одбрана javenoglaspfv@morm.gov.mk со пополнување на образецот Пријава за кандидати за професионални војници на служба во АРМ. Пријавата може да се превземе од интернет страната на Министерството за одбрана www.morm.gov.mk.
Кандидатите за професионални војници на јавниот оглас може да се пријават и во Одделенијата за одбрана на Министерството за одбрана во или блиску до местото на живеење.
11. При пријавувањето на јавен оглас, кандидатите треба да ги приложат следните документи и податоци:
– Пријава за кандидати за професионални војници на служба во АРМ (образецот е достапен на интернет страницата на Министерството и во Одделенијата за одбрана);
– Своерачно пополнет Прашалник со изјава за морална, материјална и кривична одговорност за точноста на дадените податоци (образецот е достапен на интернет страницата на Министерството и во Одделенијата за одбрана);
– Уверение за отслужено доброволно служење на воен рок во АРМ (Уверението се зема во Одделението за одбрана);
– Фотокопија од документ за лична идентификација (лична карта или патна исправа);
– Диплома за завршено средно училиште (оригинал или копија заведена на нотар);
– Потврда издадена од матичен лекар за општа здравствена способност за лица кои се здравствено осигурани, а кој податок се должни да го наведат во пријавата за пријавување на кандидати за професионални војници на служба во АРМ;
12. Некомплетните и ненавремено доставени документи нема да се земаат во разгледување.
13. Кандидатите за професионални војници кои успешно ќе ги поминат сите предвидени проверки по фази, согласно Правилникот за начинот на спроведување на постапка за прием на кандидати за офицери, односно подофицери, професионални војници и цивилен персонал на служба во Армијата на Република Македонија („Службен весник на Република Македонија“ бр.57/18) и тоа:
– проверката на податоците кои кандидатите ги изнеле за вистинити,
– проверката на физичката способност,
– проверката на здравствената способност,
се ставаат на листа за избор и прием на професионални војници на служба во АРМ.
14. Кандидатите за професионални војници кои ќе бидат примени на служба во Армијата на Република Македонија и повикани во Министерството за одбрана за потпишување на договор за работа со себе треба да ги носат следните документи:
– диплома за завршено средно образование (оригинал или копија заверена на нотар);
– уверение за државјанство;
– извод од матична книга на родените;
– уверение дека не му е изречена мерка за безбедност забрана на вршење професија, дејност или должност (не постаро од 6 месеци);
– важечка лична карта и 2 (две) фотокопии од лична карта на кои треба да биде напишана општината во која се со место на живеење;
– трансакциска сметка;
– ако кандидатот бил во работен однос да достави лист за одјава со затворен датум во фирмата каде работел (образец М-2), или
– потврда дека не е во работен однос издадена од агенцијата за вработување.
15. На кандидатите кои нема да бидат избрани по јавниот оглас и нема да засноваат работен однос во Министерството за одбрана како професионални војници на служба во Армијата на Република Македонија, документите со писмено известување ќе бидат вратени преку Одделението за одбрана во местото на живеење, каде што биле поднесени.