Јавен оглас за рецензенти на учебници
Врз основа на член 16 став 1 од Законот за учебници за основно и средно образование („Службен весник на Република Македонија” бр. бр.98/08, 99/09, 83/10, 36/11, 135/11, 46/12, 24/13, 120/13, 29/14,146/15, 217/15, 30/16 и 21/18), директорот на Педагошката служба, распишува:
ЈАВЕН ОГЛАС
за рецензенти на учебници
1.Нарачател: Министерство за образование и наука-Педагошка служба, ул.„Св.Кирил и Методиј“ бр. 54-Скопје.
2. Се распишува Јавен оглас за рецензенти по предметите:
– Општество за IVодделение во деветгодишно основно образование,
– Јазик и култура на Ромите (изборен предмет) за VI одделение во деветгодишно основно образование,
– Информатика за VI одделение во деветгодишно основно образование,
– Географија за VII одделение во деветгодишно основно образование,
– Јазик и култура на Ромите (изборен предмет) за VII одделение во деветгодишно основно образование,
– Географија за VIII одделение во деветгодишно основно образование,
– Јазик и култура на Ромите (изборен предмет) за VIII одделение во деветгодишно основно образование,
– Географија за IХ одделение во деветгодишно основно образование,
– Јазик и култура на Ромите (изборен предмет) за IХ одделение во деветгодишно основно образование,
– Англиски јазик за прва година средно стручно образование за учениците со оштетен слух (рецензентите кои се пријавуваат за овој предмет покрај наведените услови од Јавниот оглас треба да ги исполнуваат и условите по нормативот за наставен кадар од наставната програма и да достават соодветен доказ, односно да имаат завршено дефектолошка доквалификација)
– Англиски јазик за IV година на средното четиригодишно образование,
– Германски јазик (втор странски јазик) за IV година на средното четиригодишнo образование,
– Француски јазик (втор странски јазик) за IV година на средното четиригодишно образование,
– Руски јазик (втор странски јазик) за IV година на средното четиригодишно образование,
ШУМАРСКО ДРВОПРЕРАБОТУВАЧКА СТРУКА
Профил: Техничар за мебел и ентериер
1. Познавање на материјалите II година
Профил: Техничар за обработка на дрво
1. Примарна обработка на дрвото II година
Профил:Техничар за шумарство и пејзажна архитектура
1.Дендрометрија и искористување на шумите
( редовен и изборен) III година
2.Дендрометрија и искористување на шумите (редовен и изборен) IV година
ЗЕМЈОДЕЛСКО-ВЕТЕРИНАРНА СТРУКА
Профил: Ветеринарен техничар
1. Сточарство со исхрана на домашни животни (редовен и изборен) III година
2. Сточарство со исхрана на домашни животни (редовен и изборен) IV година
3. Микробиологија со заразни болести (изборна) III и IV година
4. Паразитски болести IV година
Профил: Лозаро-винарски техничар
1.Производство на алкохолни и безалкохолни пијалоци IV година
ГРАДЕЖНО-ГЕОДЕТСКА СТРУКА
Профил: Архитектонски техничар
1. Равој на архитектурата II година
2. Градежни конструкции II година
3. Градежни конструкции III година
4. Градежни конструкции (изборна) III и IV година
5. Техничка механика III година
6. Армиран бетон IV година
Профил: Градежен техничар
1.Армирано-бетонски конструкции (редовен и изборен) IV година
ЕЛЕКТРОТЕХНИЧКА СТРУКА
Профил: Електротехничар за компјутерска техника и автоматика
1.Дигитални системи (редовен и изборен) III година
2. Дигитални системи (редовен и изборен) IV година
ТЕКСТИЛНО-КОЖАРСКА СТРУКА
Профил: Текстилен конфекциски техничар
1.Технологија на конфекционирање (редовен и изборен) III година
СТРУКА ЛИЧНИ УСЛУГИ
Профил: Козметички техничар
1. Применета козметика (редовен и изборен) IV година
МАШИНСКА СТРУКА
Профил: Машинско – енергетски техничар
1. Термотехника II година
Профил: Машински техничар, машинско-енергетски техничар
1. Електротехника со електроника II година
Профил: Машински техничар
1. Технологија на обработка II година
ЕКОНОМСКО-ПРАВНА И ТРГОВСКА СТРУКА
Профил: Правен техничар, економски техничар, деловен секретар и техничар за трговија и маркетинг
1.Основи на правото II година
Заеднички предмети за образовните профили:
деловен секретар, економски техничар и техничар за трговија и маркетинг
1. Право (изборен) III и IV година
Профил: Деловен секретар
1. Секретарско работење (редовен и изборен) IV година
Профил: Техничар за трговија и маркетинг
1. Трговија и трговско работење (редовен и изборен) III и IV година
СООБРАЌАЈНА СТРУКА
Профил: Техничар за транспорт и шпедиција
1. Транспортно право и осигурување IV година
Профил: Техничар за патен сообраќај
1. Експлоатација на патните возила II година
2. Експлоатација на патните возила III година
ЗДРАВСТВЕНА СТРУКА
Профил: Забен техничар
1. Фиксна протетика III година
2. Мобилна протетика (редовен и изборен) IV година
Профил: Фармацевтски лабораториски техничар
1. Фармацевтска технологија (редовен и изборен) III година
2. Фармацевтска технологија (редовен и изборен) IV година
ХЕМИСКО ТЕХНОЛОШКА СТРУКА
Профил: Производно-процесен техничар
1.Процесна контрола (редовен изборен) III година
ЗАЕДНИЧКИ ПРЕДМЕТИ ЗА ТЕКСТИЛНО – КОЖАРСКА И ХЕМИСКО – ТЕХНОЛОШКА СТРУКА
1. Контрола на квалитет
IV година
ГОЛОШКО-РУДАРСКА И МЕТАЛУРШКА СТРУКА
Профил: Металуршки техничар
1. Електротехника со електроника II година
3. Пријавените рецензенти треба да ги исполнуваат следните услови:
– да бидат наставници од наставничките факултети за наставниот предмет за кој е наменет учебникот и со најмалку 10 години работно искуство во настава и
– да бидат наставници од основно односно средно училиште соодветни за наставниот предмет за кој е наменет учебникот и со најмалку 10 години работно искуство во настава.
Заинтересираните кандидати кон пријавата задолжително треба да достават:
– уверение или диплома за завршено соодветно образование, во оригинал или заверена со нотарски печат (кадидатите кои имаат завршено образование во странство должни се да достават нострифицирана диплома од Република Македонија),
– изјава дека ги исполнуваат условите согласно член 11 од Законот за учебници за основно и средно образование.
– преглед на регистирани податоци во матична евиденција од Фондот за пензиско и инвалидско осигурување на Македонија
– потврда од установата во која е вработен.
Пријавата може да се преземе од web страната на Министерството за образование и наука или да се подигне во Министерството за образование и наука-
Педагошка служба ул. Кирил и Методиј бр. 54, Скопје.
Краен рок за доставување на пријавите е 13.04.2018 година.
Некомплетните или ненавремено доставени пријави, нема да бидат разгледувани.