22/11/2024
Македонија

Јавен оглас за рецензенти на учебници – Се распишува Јавен оглас за рецензенти по предметите

МИНИСТЕРСТВО ЗА ОБРАЗОВАНИЕ И НАУКА

Педагошка служба

Врз основа на член 16 став 1 од Законот за учебници за основно и средно образование („Службен весник на Република Македонија” бр. бр.98/08, 99/09, 83/10, 36/11, 135/11, 46/12, 24/13, 120/13, 29/14,146/15, 217/15, 30/16 и 21/18), директорот на Педагошката служба, распишува:

ЈАВЕН ОГЛАС за рецензенти на учебници

1. Нарачател: Министерство за образование и наука-Педагошка служба, ул.„Св.Кирил и Методиј“ бр. 54-Скопје.

2. Се распишува Јавен оглас за рецензенти по предметите:

– Италијански јазик (втор странски јазик) за VI одделение на деветгодишното основно образование,
– Италијански јазик (втор странски јазик) за VII одделение на деветгодишното основно образование,
– Италијански јазик (втор странски јазик) за VIII одделение на деветгодишното основно образование,
– Италијански јазик (втор странски јазик) за IХ одделение на деветгодишното основно образование,
– Италијански јазик (втор странски јазик) за I година на средното четиригодишно образование,
– Италијански јазик (втор странски јазик) за II година на средното четиригодишно образование,
– Италијански јазик (втор странски јазик) за III година на средното четиригодишно образование,
– Италијански јазик (втор странски јазик) за IV година на средното четиригодишно образование,

3. Пријавените рецензенти треба да ги исполнуваат следните услови:

– да бидат наставници од наставничките факултети за наставниот предмет за кој е наменет учебникот и со најмалку 10 години работно искуство во настава и
– да бидат наставници од основно односно средно училиште соодветни за наставниот предмет за кој е наменет учебникот и со најмалку 10 години работно искуство во настава.
Заинтересираните кандидати кон пријавата задолжително треба да достават:

– уверение или диплома за завршено соодветно образование, во оригинал или заверена со нотарски печат (кадидатите кои имаат завршено образование во странство должни се да достават нострифицирана диплома од Република Македонија),

– изјава дека ги исполнуваат условите согласно член 11 од Законот за учебници за основно и средно образование,

– преглед на регистирани податоци во матична евиденција од Фондот за пензиско и инвалидско осигурување на Македонија и

– потврда од установата во која е вработен.

Пријавата може да се преземе од веб страната на Министерството за образование и наука или да се подигне во Министерството за образование и наука-Педагошка служба ул. Кирил и Методиј бр. 54, Скопје.

Пријавата уредно пополнета заедно со целокупната документација се доставува во Министерството за образование и наука-Педагошка служба, на ул. Кирил и Методиј бр. 54, Скопје.

Краен рок за доставување на пријавите е 27.04.2018 година.

Некомплетните или ненавремено доставени пријави, нема да бидат разгледувани.