22/11/2024
Охрид

Јавен повик за финансиска поддршка на верифицирана организација/институција која ќе спроведе обука за лица кои ќе се стекнат со сертификат за личен асистент на лица со попреченост

Врз основа на член 50, став 1 од Законот за локалната самоуправа („Службен весник на Република Македонија“ бр 5/02), член 306 став 2 од Законот за социјална заштита (Сл. Весник бр. 104 од 23.05.2019 година), Одлука на Советот на општина Охрид број 08-2982/10 од 15.03.2022 година, како и програмата за социјална и здравствена заштита на општина Охрид за 2022 година, Градоначалникот на општина Oхрид објавува:

ЈАВЕН ПОВИК
ЗА ФИНАНСИСКА ПОДДРШКА НА ВЕРИФИЦИРАНА ОРГАНИЗАЦИЈА/ИНСТИТУЦИЈА КОЈА ЌЕ СПРОВЕДЕ ОБУКА НА ЛИЦА КОИ ЌЕ СЕ СТЕКНАТ СО СЕРТИФИКАТ ЗА ЛИЧЕН АСИСТЕНТ НА ЛИЦА СО ПОПРЕЧЕНОСТ

Општина Охрид за буџетската 2022 година, согласно програмата за социјална и здравствена заштита предвидува финансиски да поддржи верифицирна организација/институција која работи на територијата на општина Охрид и која ќе спроведе и води процес за обука на лица кои ќе се стекнат со сертификат за завршена обука за лична асистенција, верифицирана од ЈУ Центар за образование на возрасни.

Личната асистенција на лица со попреченост е услуга од социјална заштита, преку која се обезбедува поддршка на лицата со потешка и најтешка телесна попреченост и лицата со целосно оштетен вид на возраст од 18 до 65 години во нивното осамостојување, согласно нивните индивидуални потреби.

Општина Охрид со овој јавен повик ќе избере организација/институција која согласно член 22 од Законот за образование на возрасни и Правилникот за начинот на верификација на установите и институциите за образование на возеасни поседува Решение за верификација на институцијата за образование на возрасни и е подготвена да координира комплетна услуга за обезбедување на лична асистенција на лица со попреченост. Притоа општина Охрид  се обврзува да го покрие надоместокот за обуката за стекнување со сертификат за личен асистент на лица со попреченост која ќе има обврска да ја спроведе избраната организација или институција.

Вкупната финансиска поддршка за оваа намена изнесува 240.000,00 денари. Средствата ќе се исплатат откако избраната организација или институција ќе достави финален извештај за реализирана обука со прилог: копија од сертификатите на минимум 10 обучени лица;.

1. Услови кои организацијата/институцијата треба да ги исполнува:

    • да нуди услуги на територијата на општина Охрид;
    • да се регистрирани согласно Закон;
    • да поседуваат решение издадено од страна на Министерство за образование на РМ за верификација на институција за образование на возрасните за реализација на посебната програма Личен асистент на лица со попреченост
    • самостојно да ја реализираат програмата за обука на Личен асистент на лица со попреченост и тоа преку практичен и теоретски дел
    • да спроведуваат активности од областа на социјалната заштита најмалку една година;

2. Потребни документи

    • Писмо за намери (во кое избраната организација или институција се обврзува да ги ангажира лицата кои ќе се стекнат со сертификат;
    • Програма за работа на организацијата/институцијата;
    • Програма за образование на возрасните за обука на Личен асистент на лица со попреченост;
    • Изјава потпишана од одговорното лице на организацијата/институцијата дека добиените средства од општина Охрид ќе се користат наменски, исклучиво за целите на програмата за реализација на обуката за лична асистенција на лица со попреченост, притоа да превземе одговорност да обезбеди лична асистенција на лица со попреченост, без притоа да им се наплаќа надоместок на корисниците на услугата кои мора да се жители на општина Охрид;
    • Правилник донесен од одговорното лице на организацијата кој ќе ги пропишува условите и начинот на избор на лицата кои ќе имаат можност да се обучат и да се стекнат со сертификат притоа водејќи сметка процесот за избор да биде транспарентен и право на обука да имаат сите граѓани жители на општина Охрид а предност да се даде на невработени лица. Правилникот треба да дефинира и  спроведување на активноста како и критериумите кои од корисниците на услугата – лична асистенција на организацијата ќе се бараат да бидат исполнети;
    • Тековна состојба да не е постара од 6 месеци;
    • Решение издадено од страна на Министерство за образование на РМ за верификација на институција за образование на возрасните за реализација на посебната програма Личен асистент на лица со попреченост

Пријавите со документите се доставуваат по пошта во затворен плик на адреса: Општина Охрид ул.„Димитар Влахов“ бр.57 – Охрид со назнака „ За финансиска поддршка на организација/институција која ќе спроведе обука на лица кои ќе се стекнат со сертификат за Личен асистент на лица со попреченост’’, или лично во архивата на општина Охрид.

3. Рок на пријавување

    • Потребните документи треба да бидат доставени најдоцна 15 дена од денот на објавување на јавниот повик.
    • Документите на кандидатите кои се некомплетни и ненавремено доставени нема да бидат разгледувани.
    • Со избраната организација ќе биде склучен и посебен договор во кој детално ќе се дефинирани условите за користење на средствата по однос на јавниот повик.

ПРАВИЛНИК ФИНАНСИСКА ПОДДРШКА НА ВЕРИФИЦИРАНА ОРГАНИЗАЦИЈА/ИНСТИТУЦИЈА КОЈА ЌЕ СПРОВЕДЕ ОБУКА НА ЛИЦА КОИ ЌЕ СЕ СТЕКНАТ СО СЕРТИФИКАТ ЗА ЛИЧЕН АСИСТЕНТ НА ЛИЦА СО ПОПРЕЧЕНОСТ


WebOhrid / 29.03.2022 / Општина Охрид