Јавен повик за изработка на нацрт програма за заштита на животната средина
Општина Охрид ги повикува сите заинтересирани страни – невладини организации, граѓански здруженија урбани заедници и други субјекти, со свои предлози да се вклучат во изработката на Нацрт програмата за заштита на животна средина за 2022 година.
Предлозите треба да ги достават до Секторот за заштита на животна средина и управување со отпад, со следните податоци (максимум на една страница):
1. Опис на проблемот;
2. Активности;
3. Очекувани резултати;
Предлозите треба да ги достават во електронска форма, најдоцна до 19.11.2021 година, на е маил: sektor.zivotnasredina@ohrid.gov.mk