Јавен повик за поднесување на барања за субвенционирање на трошоци за комунални услуги
Врз основа на член 11 и член 306 од Законот за социјална заштита (,, Сл.весник на РСМ” бр.104/19,146/19 и 275/19), член 36 од Законот за локална самоуправа (,,Сл.весник на РСМ” бр.5/02) и член 18 став 15 од Статутот на општина Охрид (,,Службен гласник на општина Охрид “ br.8/07, 01/08, 10/10, 05/11, 09/14, 14/14,10/19)и Одлука за спроведување на мерки за субвенционирање на трошоци за комунални услуги бр.08 – 815/3 од 31.01.2020 година (,,Службен гласник на општина Охрид од 03.02.2020 година” бр.01/20), Градоначалникот на општина Охрид објавува:
ЈАВЕН ПОВИК
за поднесување на барања за субвенционирање на трошоци за комунални услуги
Општина Охрид ќе врши обезбедување на остварување на социјална заштита на граѓаните, од средствата на Буџетот на Општина Охрид, во облик на спроведување на мерки за субвенционирање на трошоци за комунални услуги за граѓаните кои се изложени на социјални ризици.
Субвенционирањето на трошоците за комунални услуги, се однесува за периодот од 01.01.2020 година, заклучно со 31.12.2020 година.
Вкупниот износ на субвенција ќе изнесува 670, 00 денари месечно, за секој корисник на субвенцијата и ќе биде составен од следните четири компоненети:
- Покривање на трошоците за потрошена вода за пиење до 320 денари за секој корисник на услугата, односно на субвенцијата;
- Покривање на трошоците за спроведување на отпад до 150 денари за секој корисник на услугата, односно на субвенцијата;
- Покривање на трошоците за одведување на отпадни и атмосферски води до 150 денари за секој корисник на услугата, односно на субвенцијата;
- Покривање на трошоците за плаќање на гробна такса-гробарина до 50 денари за секој корисник на услугата, односно на субвенцијата.
Право да поднесат барање за субвенционирање на трошоците за комунални услуги од општина Охрид , имаат лицата со статус на:
- Корисник на социјална помош или
- Корисник на постојана парична помош или
- Невработен подолго од 12 месеци, а доколку корисникот е во брак, тогаш и неговиот брачен другар да е невработен
Услов за погоренаведените категории е: корисниците и нивните брачни другари да бидат пријавени во Агенција за вработување на Р.М и активно да бараат работа; заедно со брачниот другар да не оствариле приходи поголеми од 105.240,00 денари во 2019 и да не поседуваат друг имот освен оној во кој живеат;
- Лица кои имаат најмалку 70% степен на инвалидитет или тешка болест, односно нивниот брачен другар или друг член на семејство е со инвалидитет од најмалку 70% или има тешка болест
Како тешка болест во оваа категорија се подразбираат малигни или церебрално васкуларни заболувања или други тешки заболувања
Доколку се пријават повеќе од 150 лица , со статус на лица кои имаат најмалку 70% степен на инвалидитет или тешка болест, односно нивниот брачен другар или друг член на семејството е со инвалидитет од најмалку 70% или има тешка болест, во тој случај услов за оваа категорија на корисници е: во 2019 година заедно со брачниот другар да не остваруваат приходи поголеми од 105.240,00 денари.
Подносителите на барање за субвенционирање треба комулативно да ги исполнуваат следните критериуми:
- Да се државјани на Република Македонија
- Потврда за која категорија се поднесува барањето
- Пополнето Барање за субвенционирање на трошоци за комунални услуги (архива)
- Да се жители на општина Охрид (копија од лична карта)
- Да се корисници на Услуги од: МЈП Проаква или ЈП Охридски Комуналец или ЈП Нискоградба или ЈП Градски Гробишта
Заинтересираните лица своите барања за субвенционирање можат да ги достават во затворено плико, лично во архивата на општина Охрид или по пошта на следната адреса: Општина Охрид, ул.Димитар Влахов бр.57 Охрид, со назнака (ЈАВЕН ОГЛАС ЗА СУБВЕНЦИОНИРАЊЕ НА ТРОШОЦИ ЗА КОМУНАЛНИ УСЛУГИ)
Јавниот оглас објавен на веб страната на Општина Охрид www.ohrid.gov.mk
Јавниот оглас ќе трае до 19.02.2020 година а барањата за субвенционирање можат да се доставуваат цело време додека трае Огласот.