22/11/2024
Охрид

Јавен повик за прибирање на барање и интерес за финансиска поддршка и кофинансирање од Општина Охрид за 2021 година во областа на спортот

Јавниот повик се однесува на прибирање на барања и интерес за финансиска поддршка и кофинансирање од Општина Охрид за 2021 година на спортски клубови, спортски здруженија, спортски манифестации, индивидуални спортисти, други правни лица од областа  на спортот, граѓански здруженија, образовни институции и поединци поврзани со развојот и унапредувањето на спортот и вредностите на спортот на територијата на општина Охрид.

Како главни приоритети се сметаат развој и поддршка на масовниот и рекреативниот спорт, психофизички развој, социјална инклузија, економски развој, заштита на животната средина  и афирмација и промоција на градот Охрид.

Право на учество на Јавниот повик имаат спортски  клубови, спортски здруженија (сојузи и асоцијации), индивидуални спортисти, други правни лица од областа на спортот, училишни спортски клубови и сојузи,  спортски школи, образовни институции и граѓански здруженија чиешто регистрирано седиште односно живеалиште се наоѓа на подрачјето на општина Охрид и спортски федерации и клубови чиешто регистрирано седиште не се наоѓа на подрачјето на општина Охрид, но имаат соработка со локален спортски правен субјект (потпишан договор за соработка) за реализацијата на проектот, активноста или манифестацијата.

Барањата по однос на Јавниот повик ќе можат да се достават најдоцна до 17.11.2020 година до 12 часот.

Повеќе информации може да најдете на следниот линк…

ЈАВЕН ПОВИК ЗА ПРИБИРАЊЕ НА БАРАЊЕ И ИНТЕРЕС ЗА ФИНСИСКА ПОДДРШКА И КОФИНАСИСРАЊЕ ОД ОПШТИНА ОХРИД ЗА 2021 ГОДИНА ВО ОБЛАСТА НА СПОРТОТ